Ах, беа тоа други времиња...
33, Probishtip, Macedonia

За да се вклучи телевизорот требаше да отидеш до него и да го притиснеш големото копче.

За Божиќ чекаш да добиеш писмо во вистинското поштенско сандаче.
Да собираш слики од мастики „Турбо“ и пакувања од чоколади, без разлика дали си момче или
девојче беше вистинско задоволство.
Да собираш железни парички со пријателите, за да можете да купите сладолед и лимонада од
„Ескимо“, а не алкохол, беше вистинска атракција.
Да играш криенка, народна и „дај царе војску“ до доцните вечерни часови и кога родителите те викаат дома, да викнеш со надеж: „Може ли уште малку?“
Да пополнуваш лексикони.


Да возиш велосипед со контра наместо со рачна сопирачка.
Да го поминуваш секој одмор кај баба и дедо на село.
Да скокаш на јаже и ластик.
Да се соберете со пријателите и да повикувате духови со огледалце и игла.
Тортата за роденден да е направена од мама.
Во училиште да пишуваш белешки и тајно да ги разменуваш наместо да испраќаш СМС.


Да цртате на тротоарот џамија или плочка.
Да ѕвониш на ѕвончињата на луѓето и да се криеш, за да не те фатат.
Ако паднеш и си направиш модринка, да стиснеш заби и да не се прибереш дома, бидејќи постои опасност да ти забранат да излезеш повторно со пријателите.
Крадеш цвеќе за баба и мама од градината пред зграда со ризик соседот од првиот кат да те искара.
Баба ти да ти премачкува леб со свинска маст и буковец.
Да го гледаш омилениот филм на видео.
Да пиеш вода од чешмичките, а не од пластични шишиња.
Да се капеш во недела и пред спиење да гледаш „Беверли Хилс“.
Да имаш вистински пријатели кои ќе ти останат такви до крајот на животот.
Ех, колку убаво беше кога животот беше обичен и едноставен...

198 views
 
Comments
trajcce 30.09.2015

tna bea ubavi vreminja

DjoleMk 30.12.2012

Сега се е достапно и тоа е проблемот

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes