08.05.2012
...
46, Skopje, Macedonia

"Очигледно дека најголемото масовно убиство во поновата мирнодопска историја и не е – некое чудо. Речиси нормална состојба. Да беше обратно, тогаш во Радишани ќе се нацртаа и премиерот, и претседателот, и министерката за внатрешни работи. Арно ама, во Радишани не почнуваше да се гради некое училишно игралиште. И немаше каде да се фрли лопата. А на копање гробови нашиот политички врв – не присуствува! Добро е што беше Велигден, па премиерот, како што самиот рече, ја искористи приликата, честитајќи им го празникот на верниците, да изрази и сочуство до семејствата на жртвите на масакрот крај Железарското езеро. Претседателот на Парламентот, кој празникот го помина во својот роден крај, изјави дека не е убаво ваков настан да се случи на голем верски празник, со што индиректно упати на термините кога би било убаво да се случуваат овие работи."

29 views
 
Comments
VOCKO 13.06.2012

Ми се допаѓаат критично настроени блогови....башка кога писателот е во право.
А на копање гробови нашиот политички врв – не присуствува! *HI*

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes