НЕКОЈ ЅИДА...НЕКОЈ САДИ....
55, Veles, Macedonia

Секој низ своето постоење може да има два пристапи:да ѕида..или да сади.Ѕидарите можеби со години ќе работат на своето дело,но еден ден ги приведуваат своите работи кон крајот.Тогаш ќе застанат.И остануваат ограничени со ѕидовите кои ги соѕидале.Животот ја губи смислата кога градбата е готова.

Меѓутоа,постојат и оние кои садат.Тие понекогаш мака мачат со временските не/прилики,годишните времиња и ретко кога се одмораат.Но,за разлика од градбите,градината никогаш не престанува да расте.Во исто време додека градината бара постојано внимание од градинарот,му дава приликанеговиот живот да му биде една голема авантура.Градинарите се препознаваат самите помеѓу себе,затоа што знаат дека во животот на секоја билка е и растот на целата земја.

Неопходно е да се верува во способноста на секоја личност да се учи самата себеси.Кога некој ќе го пронајде својот пат,не смее да се плаши.Мора да биде доволно храбар да прави погрешни чекори.Разочарувањето,поразот и губењето волја се орудија кои Бог ги користи да ни го покаже патот.

63 views
 
Comments
DjoleMk 12.07.2013

се од кажаното е точно

tashovtoni tashovtoni 12.07.2013

*YES* *HI* *DRINK*

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes