Себе си се обожавам до имбецилност! Во сите агрегатни состојби, во сите расположенија, во сите ситуации и временски прилики. Станувам наутро , ќе се погледнам во огледало и не си кажувам себе си – Добро утро лепотице! Неееее, туку едноставно – Охооо кј си мор , кј се криеш жити се позади таа надрндана фаца? Еххх небитно зашто пред првото кафе изгледам како поплава да ме исфрлила. Размазена сум, сама сум се размазила елем, ако не се размазиш сам себе, нема никој друг.
Сакам се и одма сега! После не ми треба. Таква сум уште од времето кога си играв со пиштоли по дворот. Сакам да ми се исполнуваат желбите, да трчкараат околу мене како околу Божиќна елка, да ми удоволуваат. Се си сакам !
Сакам и по пижами да си тркнам до продавница по цигари. Да си пијуцкам кафенце покрај вода САМА ! Сакам во кафана САМА! Го вадам брусхалтерот сред кафич ако ми е жешко, ич не регистрирам околина. Пцујам како кочијаш, небитно кого и каде.
Се што несакам јасно го кажувам. Помина помина осата што ги земаше децата ....едно време.
Значи, се обожавам до болка!
Да нема забуна. Знам и јас се простирам како килим за некого, да симнувам звезди, да размазам некого, да ронам длабоко колку што треба до крај во еден здив, да исполнувам и туѓи желби .... но на прво место се сакам себе си!
И вака можа да си пишувам цел роман.
Да скратам. Сакајте се себе си! Најмногу што можете, зашто ако не се сакаш себе си онаков каков што си, неможеш да сакаш никого. Просто ко грав. Шо би рекло просечно македонче, мада гравот воопшто не е прост.
Ако не сте научиле од раѓање, ќе ве научи животот, а тоа е најтешката варијанта.
а зш да не напишеш па? е зш, зт.
hahah bas taka *YAHOO* *DRINK* :-{}
*OK* *HI* *ROSE*
*DRINK* *YAHOO*
U koj kafic odis? :D
ahahahah znev :-P *KISSING*
Штета што ова не го прочитав кога го напиша. Се важи ли патерица по 4 дена?
Шо ти текна вака да "се оцрниш"?
А мор норке една, баш затоа што си таква Те сакам . И мојот став го знаеш, немој да се менуваш. Разбра?
Јес оф скроз :D *KISSING*
zosto sekogas ja odbirame... najteskata varijanta ?
Не сите. Само малкумина. Оние со такви „темели„ - голема душа. Само тие можат да поднесат голема болка. *YES* *ROSE*